Милан мораше да игра 120 минути без погодок, за на крајот дури по изведување на пенали да го елиминира составот на Торино во осминафиналето од Купот на Италија. Тренерот Пиоли го стартуваше мечот со Ибрахимовиќ, но шведскиот ас делуваше физички неподготвено, промаши една убава шанса, по што на полувремето беше заменет со Хауге.
„Росонерите“ имаа целосна доминација во вториот дел, во кој Леао и Дијаз промашија стопроцентни шанси, а домаќините и двапати ги погодија рамките од голот на Милинковиќ – Савиќ. Откако и по продолженијата од двапати по 15 минути не беше постигнат гол се пријде кон пенал-рулет во кој поуспешни беа фудбалерите на Милан, погодувајќи ги петте удари од белата точка.
Пресудна се покажа четвртата серија, во која Татарушану го одбрани ударот на Ринкон, по што Ромањоли и Чалханоглу беа сигурни при своите пенали и ги одведоа „росонерите“ во четвртфиналето од Купот на Италија.
Milan v Torino – Penalty shootout
Follow @Fastgoal2 and don’t miss a goalpic.twitter.com/h86rAbzupi
— ???? ????? (@Fastgoal2) January 12, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

