Враќањето на Златан Ибрахимовиќ ги смени плановите во Милан, па „росонерите“ сега се откажуваат од 23-годишниот Андре Силва кој моментно е на едногодишна позајмица во Севилја.
Португалскиот фудбалер минатото лето дојде во Милан од Порто за 38 милиони евра. Но, во 40 одиграни натпревари тој постигна само десет гола и беше прогласен за трансфер-промашување.
Пред почетокот на оваа сезона, Севилја го зеде Силва на позајмица. И тоа се покажа како вистински потег. Португалецот имаше одличен старт во новата средина и веќе има седум гола во 15 одиграни натпревари.
Во Милан не се заинтересирани да го вратат назад младиот фудбалер, посебно сега кога го ангажираа Ибрахимовиќ за почеток на шест месеци, а потоа најверојатно и за идната сезона. Ваквата разврска и оди во прилог на Севилја која ќе може да го откупи од италијанскиот великан за 30 милиони евра.
„Нашите навивачи може да здивнат, Силва останува во клубот и во следната сезона. Ќе го откупиме неговиот договор“ – соопшти директорот на шпанскиот клуб, Хоакин Капарос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА