Лацио и официјално го потврди трансферот на Даичи Камада, јапонскиот репрезентативец кој доаѓа во римскиот клуб како слободен играч, по истекот на договорот со Ајнтрахт.
Јапонецот кој утре полни 27 години беше интересен за неколку европски тимови, а минатиот месец постигна и целосен договор за трансфер во Милан. Сепак, „росонерите“ буквално во „пет до дванесет“ се премислија и ја повлекоа понудата, по што Камада мина подолго време размислувајќи за наредниот чекор во кариерата. На крајот, тој го избра Лацио потпишувајќи договор со овој клуб за наредните три сезони.
Јапонскиот играч за врска сепак се уште не може да се стави на располагање на тренерот Сари и да тренира со остатокот во тимот, за што неопходно ќе му биде прво да добие работна дозвола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА