Милан се откажа – Златан останува во ЛА галакси

Веќе нема никакви дилеми, Златан Ибрахимовиќ останува во ЛА галакси и во следните неколку дена и официјално ќе го потпише новиот договор со овој клуб од американската МЛС-лига.

Швеѓанецот повеќе од еден месец беше поврзуван со враќање во Милан, неговиот агент Мино Раиола водеше преговори со „росонерите“ во Милано, но Златан на крајот сепак пресече, носејќи одлука да ја продолжи својата американска авантура.

„Ибрахимовиќ не доаѓа, тоа е веќе дефинитивно. Го дал својот збор на галакси и сака да го одржи, ние ќе го почитуваме неговиот избор“ – изјави директорот на Милан, Бразилецот Леонардо.

Се вчитува...