Милан на денот на одигрување на премиерниот меч од новата сезона (вечерва на домашен терен со Торино) го официјализираше и последниот трансфер за летово. Јусуф Фофана е нов член на поранешниот италијански првак откако по долги преговори конечно беше пронајден заеднички јазик со раководството на Монако.
Фофана е 25-годишен играч од средниот ред на чиј ангажман инсистираше новиот тренер Фонсека, кој смета дека францускиот фудбалер може да стане клучен играч во таборот на „росонерите“.
Фофана беше член на Монако од јануари 2020 година, кога пристигна од редовите на Стразбур. Тој одигра 175 средби за „кнезовите“, притоа постигнувајќи седум гола и 15 асистенции.
Милан во официјалната потврда за трансферот објави и дека Фофана ќе го носи дресот со број 29 во италијанскиот гигант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА