Милан се предомисли, започна и брзо ги прекина преговорите со Рамос

Поранешниот капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос имаше контакт со Милан до вчера, но разговорите биле брзо прекинати поради неговите преголеми барања за плата.

Шпанската телевизија „Чирингито“ пренесува дека преговорите меѓу дефанзивецот, кој го напушти Реал како слободен агент, и „Росонерите“ започнале пред неколку недели, но тие не отидоа далеку.

Сепак, интересот на италијанскиот великан брзо исчезна бидејќи Милан не можеше да ги исполни финансиските барања на искусниот дефанзивец. Рамос, наводно, побарал двегодишен договор вреден 15 милиони евра, плус до 20 милиони евра такси за потпис.

Раководството на Милан се обидува да го намали буџетот за плати, а пред неколку дена го купија договорот на Фикаја Томори од Челси за 28,5 милиони евра.

35-годишниот дефанзивен играч го напушта Кралскиот клуб по 16 години, со кој освои се’ што можеше да се освои.

 

 

 

 

Се вчитува...