Милан се раздели и со Лука Јовиќ

Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ не е повеќе дел од тимот на Милан, откако „росонерите“ му се заблагодарија за неговиот придонес во „црвено-црниот“ дрес на тимот од Милано.

Јовиќ во последните две години беше дел од Милан, откако претходно играше за Фиорентина, Ајнтрахт Франкфурт, Реал Мадрид, Бенфика и Црвена Звезда.

За Јовиќ имаше многу шпекулации во последните недели. Од заминување во САД, до Мексико, па во Саудиска Арабија, па дури и останување во Италија.

Денеска претходно Милан исто така се раздели и од Теми Абрахам.

Се вчитува...