Милан се раздели со Емерсон Ројал

Поранешниот фудбалер на Милан, Емерсон Ројал, потпиша договор со Фламенго до 2028 година.

„Фудбалскиот клуб Милан објавува дека Емерсон се преселил во Фламенго. Росонерите му се заблагодаруваат на Емерсон и му посакуваат се најдобро“, се вели во денешното соопштение за медиумите на Милан.

Како што објавија италијанските медиуми, 26-годишниот бразилски дефанзивен фудбалер потпиша договор до 2028 година, со можност за продолжување на соработката за уште 12 месеци.

Некои медиуми објавија дека трансферот е вреден девет милиони евра. Емерсон минатата година се пресели од Тотенхем во Милан, за кој одигра 26 натпревари и не постигна гол.

Во текот на својата кариера играше за Понте Прета, Атлетико Минеиро, Барселона и двапати како позајмен играч за Бетис.

Се вчитува...