Милан се согласил на продажба на Тео Хернандез во Комо, но фудбалерот одбил

Милан се согласил на сензационална продажба на францускиот бек Тео Хернандез и тоа во Комо, тврда италијанските медиуми.

Според „Газета дело спорт“, тимот предводен од Цеск Фабрегас понудил 40 милиони евра за фудбалерот на Милан, и од тимот биле подготвени да ја прифатат понудата за францускиот репрезентативец.

Сепак, и покрај тоа, самиот фудбалер одбил трансфер во Комо. Инаку Хернандез требало да заработува 7 милиони евра годишно, меѓутоа категорично одбил да оди во новајлијата на Серија „А“.

Се вчитува...