Милан се „сопна“: Само бод против Сасуоло на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)

Милан на домашен терен против Сасуоло одигра само нерешено 2-2, со што сега им е загрозено првото место на табелата во Серија „А“. „Росонерите“ губеа, но некако стигнаа до предност, но и тоа го испуштија откако гостинскиот тим по една одлична акција успеа да освои бод од ова гостување.

Коне во 13. минута донесе предност за гостите по додавање на Пинамонти. Во 34. минута Бартезаги на додавање на Лофтус-Чик го израмни резултатот.

Само што почна вториот дел, работите за Милан дојдоа на свое место со вториот гол на Бартезаги во 47. минута. Во 67. минута голот на Рабио беше поништен, а потоа следуваше шок.

Фантастична акција на Сасуоло, Пинамонти додаде до Лориенте и во 77. минута успеа да израмни и да донесе голем бод за својот тим.

Милан имаше идеална шанса пред самиот крај, но не успеа да го најде патот до мрежата и по третпат.

Се вчитува...