Милан беше пред неочекуван пораз на домашен терен од Џенова, меѓутоа успеа на крајот да се спаси со гол во 92. минута од средбата и згора на тоа промашен пенал на гостите.
Коломбо во 28. минута на асистенција на Малиновски го замолкна „Сан Сиро“ и донесе гостинска предност. Милан долго време се мачеше да дојде до израмнување, и тоа му успеа на Леао во 92. минута од средбата.
Сепак, немаше крај на возбудувањата, затоа што во деветтата минута од судиското надполнување Џенова доби пенал, кој го промаши Станчиу, односно шутираше високо над голот, и така Милан успеа да се спаси од пораз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

