Многу возбудувања донесе првото полувреме на миланското дерби. Два гола и уште неколку добри шанси, многу борба на сите делови од теренот и одлична атмосфера на трибините.
Милан поведе преку Чалханоглу од пенал кој самиот го изведе, а потоа автоголот на Де Фрај донесе израмнување.
Интер можеше да води до полувремето, но немаше среќа. Најпрво Татарушану му одбрани пенал на Лаутаро. Пеналот го направи Бала Туре, но дефанзивецот потоа се извади откако спаси чист гол интервенирајќи од гол линијата.
Шанса имаше и Лаутаро, но не реализираше чиста прилика, со што Интер пропушти да има предност во првите 45. минути.
MOMEN TATARUSANU MENEPIS TENDANGAN PENALTI LAUTARO MARTINEZ 👏👏👏pic.twitter.com/DH0dEm292O
— Tribun Milano (@Info4_Milanisti) November 7, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА