Откако пропадна можноста да го ангажира нигерискиот голгетер Виктор Бонифејс од Баер Леверкузен, Милан испрати понуда до Спортинг за Конрад Хардер. Во текот на минатата недела се пишуваше за интерес на „Росонерите“, но немаше ништо конкретно.
Спортинг наводно бара 28 милиони евра од Данецот, но тој би можел да биде ангажиран за помалку. Според „Скај Италија“, Милан понудил 27 милиони вклучувајќи ги и бонусите, што би требало да биде доволно за да биде прифатена понудата.
Клубови од Франција исто така се заинтересирани за Хардер. Во минатото Хардер настапуваше за Нордсјиланд. Во минатата сезона во 47 меча за Спортинг, постигна 11 голови, но беше во сенка на Виктор Ѓокереш кој стана прв стрелец на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

