Европската куќа на фудбалот (УЕФА) дефинитивно го одби планот на Милан околу финансискиот фер-плеј, и се очекува одлуката која официјално ќе биде донесена утре, да биде немилосрдна за италијанскиот калчолигаш. Можно е дури и исфрлување од Европа, како и голема парична казна.
„Ни поставија услови кои никој не може да ги исполни“, откриваат од Милан за италијанските медиуми.
Сепак, раководството на „росонерите“ е во голема „дупка“ од 150 милиони евра, која бараа да биде разложена во наредните четири години. Но, во Нион не го одобрија планот на Милан, кој според сите очекувања ќе се соочи со голема казна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА