И тоа како интересно лето го очекува Ромелу Лукаку околу донесувањето одлука за идната насока на неговата кариера.
Во моментов 30-годишниот Лукаку е на позајмица во Рома од Челси, но тешко дека „волчицата“ ќе може да ги испочитува барањата на Челси и да плати 30 милиони евра, колку што бара лондонскиот клуб, за откуп на договорот на белгискиот напаѓач.
А, за негов потпис во игра се уште неколку клубови. Најмали се шансите да остане во Челси, пренесуваат италијанските медиуми.
Веќе се спомнуваат клубови од Саудиска Арабија за кои финансиите не се проблем, но веќе сериозно заинтересиран за неговите услуги е и Милан. Факт е дека Рома е во предност, ако се знае дека Лукаку сака да остане во Рим, но факт е дека финансиски тешко може да ја испратат целата ситуација околу Белгиецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА