Милан се врати на победите, лесна победа против Торино

По претходниот пораз од Јувентус, Милан се врати на победите во Серија А, триумфирајќи со 2-0 против Торино во 17. коло.

Леао уште во 25. минута ги доведе „миланезите“ до предноста, а победата ја заокружи Кеси со погодокот од пенал во 36. минута.

Милан по оваа победа има 40 бода на врвот во Серија А, четири повеќе од второпласираниот Интер кој има и натпревар помалку.

Се вчитува...