Милан се врати на врвот, едно полувреме за Несторовски против Верона

Милан експресно се врати на врвот на калчолигашката табела со денешната победа на домашен терен против Кротоне, со убедливи 4-0. Златан Ибрахимовиќ беше во главна улога постигнувајќи ги првите два гола за „росонерите“, а откако отпорот на гостите беше скршен два погодоци во рок од две минути постигна и Хрватот Анте Ребиќ.

„Росонерите“ со овој триумф имаат вкупно 49 бода, два повеќе од Интер, додека Јувентус досега има 42 бода, но и натпревар помалку во однос на гигантите од Милано.

Удинезе врза две победи во серија триумфирајќи на домашен терен против Верона со 2-0, по автоголот што во 83. минута го постигна Силвестри и погодокот на Деулофеу во 92. минута. Илија Несторовски влезе во игра на паузата меѓу двете полувремиња на местото на Переира и одигра 45 минути од оваа средба.

Се вчитува...