Милан се врати на врвот во Серија А, по триумфот над Џенова (ВИДЕО)

Португалецот Рафаел Леао и Бразилецот Жуниор Месиа донесоа победа за Милан од 2-0 против Џенова во 33. коло од Серија А.

„Миланезите“ повторно се вратија на врвот од табелата, иако и со натпревар повеќе од второпласираниот Интер, откако успешно ги минаа џеновјаните.

Триумфот на домашните беше најавен од Леао уште во 11. минута од средбата.

Конечните 2-0, пак, ги постави Жуниор Месиас со погодокот во 87. минута.

Се вчитува...