Италијанскиот прволигаш Милан стигна до првото засилување во јануарскиот преоден рок откако го официјализираше трансферот на Филипо Терачано кој редовите на „росонерите“ ги засилува од Верона.
Дваесетгодишникот кој настапуваше за младинските категории во репрезентацијата на Италија доаѓа како значајно засилување за проблематичната бековска позиција во Милан. За неговите услуги клубот издвои четири милиони евра со тоа што овој трансфер може да се зголеми за милион евра повеќе во однос на бонуси. Покрај тоа Верона ќе има и 10 отсто од следната продажба.
First day in the offices vibes 🫵😎 #ACMQuest #SempreMilan pic.twitter.com/JOZqemKj5P
— AC Milan (@acmilan) January 8, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА