Милан сега понуди 22 милиони евра до Челси за Пулишиќ

Италијански Милан испрати официјална понуда од 22 милиони евра до Челси за американскиот репрезентативец Кристијан Пулишиќ.

Челси ја одби првата понуда на Милан која изнесуваше 15 милиони евра, плус бонуси. Интерес за американскиот фудбалер покажа и Олимпик Лион кој понуди 25 милиони евра, меѓутоа Пулишиќ јасно стави до знаење дека сака да игра за Милан. Токму затоа сега и двата клуб, се чини, се блиску до договор.

24-годишниот Пулишиќ во Челси пристигна во 2019 година од Борусија Дортмунд, а договор со лондонскиот клуб има до јуни 2024 година. Минатата сезона одигра 30 натпревари за Челси и постигна еден гол. За репрезентацијата на САД, пак, на 60 натпревари досега има и 25 гола.

Се вчитува...