Милан си ја доби својата „десетка“: Пулишиќ во црвено-црниот дрес!

Кристијан Пулишиќ и дефинитивно се сели во дресот на Милан, пренесуваат италијанските медиуми.

Милан си ја доби својата нова „десетка“ по враќањето на Брахим Диаз во Реал Мадрид. „Росонерите“ офанзивниот фудбалер од средниот ред на Челси ќе го платат 20 милиони евра плус бонуси.

Пулишиќ доаѓа во Милан затоа што сам инсистираше на тоа иако Челси имаше и подобри понуди. Него го сакаше Стефано Пиоли и на крај се е завршено на задоволство на двете страни.

Се вчитува...