Милан си најде напаѓач во Франција

Милан на лето ќе се обиде да ангажира напаѓач, со оглед дека во моментов е со ветераните Ибрахимовиќ и Жиру, а Ориги засега не се снајде во дресот на „росонерите“. Јасно му е на раководството дека мора да се ангажира голгетер, а еден од можните кандидати е Џонатан Дејвид од Лил.

Ибрахимовиќ на крајот од сезоната веројатно ќе го напушти клубот, а Ориги е пред враќање во Премиерлигата, а Милан не сака да остане само со Жиру како опција во шпицот.

Договорот на Дејвид со Лил истекува на 2025 година, а во моментов се проценува на 35 милиони евра. 23-годишниот Дејвид во 28 меча постигна 19 голови.

Се вчитува...