Милан ја оствари и втората победа во Серија А, откако вечерва на домашен терен го совлада тимот на Торино со 4-1. Повторно Пулишиќ и Жиру беа стрелци, надополнети со Тео Хернандез.
Пулишиќ донесе предност од 1-0 во 33. минута, а Торино се врати Шурс само три минути подоцна. Жиру од пенал во 43. минута, а во втората минута од судиското надополнување од првиот дел Хернандез погоди за 3-1. Конечните 4-1 ги постави Жиру во вториот дел исто така од пенал.
Рома загуби од Верона и натму ја чека првата победа во Серија „А“. Дуда и Нгонге уште по првиот дел донесоа предност за домашните, а Ауар во вториот дел само намали.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

