Милан слави голем камбек, се враќа човекот што освои 29 трофеи

Раководството на Милан прави се за да го врати клубот на посакуваните патеки по ланската разочарувачка сезона, за тренер беше вратен Алегри, донесени се неколку врвни засилувања на чело со Лука Модриќ, а „росонерите“ се на добар пат да осигураат уше еден важен потпис – враќајќи го во клубот легендарниот директор Адријано Галијани.

Станува збор за човек кој долги  години беше предводник на „росонерите“ во време кога Силвио Берлускони беше сопственик на Милан, а останува запишано декаа под водство на Галијани овој италијански гигант има освоено 29 трофеи. Тој и Берлускони заедно си заминаа од клубот и почнаа нов проект во Монца, но по смртта на поранешниот италијански премиер резултатите на овој клуб почнаа да се движат во надолна линија.

Во завршна фаза се преговорите со кои Монца до крајот на месец септември ќе добие нови американски сопственици, по што Галијани ќе нема никаква пречка да се врати во својот омилен клуб.

Весникот „Кориере дело спорт“ обелодени дек асопственикот Кардинале веќе се сретнал со долгогодишниот директор, успевајќи да го убеди да се врати на „Сан Сиро“ девет години по неговото заминување од клубот. Тој ќе ја извршува функцијата директор за фудбал, улога одделена од сегашниот претседател Паоло Скарони, кој ќе го води административниот дел од клубот.

Се вчитува...