Милан има зад себе уште една разочарувачка сезона, во која ниту потрошените 200 милиони евра на нови фудбалери не донесоа пласман во ЛШ. Во една таква ситуација, „росонерите“ за моментите на слава се навраќаат на минатото, а токму денеска овој гигант од Милано слави јубилеј – 30 години од првата шампионска титула во Серија А.
Тој 15 мај 1988 година засекогаш останува запишан во истријата на „росонерите“, кои со победата на гостувањето во Комо го осигураа скудетото, прво од многуте што следеа во наредните години.
„Никој не веруваше во такво нешто освен Силвио Берлускони. Велеше дека треба да играме убав фудбал, да победуваме, но и противниците да имаат почит кон нас исто како и ние кон нив. Набрзо неговиот ентузијазам го прифатив целосно, но фудбалерите се уште не веруваа во себе доволно. Тргнавме добро, одевме натпревар по натпревар, па ете на крајот стигнавме и до титулата“ – се присетува Ариго Саки, тренерот на таа шампионска генерација на Милан.
Клучниот натпревар се одигра две седмици претходно, кога Милан триумфираше на „Сан Паоло“ во Неапол, против моќниот тим на Наполи предводен од Марадона.
„Тогаш всушност видовме дека сме исполниле се што Берлускони бараше. Игравме во жешкиот Неапол, го победивме домаќинот предводен од Марадона, а навивачите на Наполи ни испратија аплаузи додека го напуштавме теренот. Тоа беше најдобриот доказ колку силен тим бевме и колку допадлив фудбал игравме“ – истакнува Саки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА