Италијанскиот првак Милан ги демантираше информациите дека преговорите со нивниот фудбалер Рафаел Леао се пропаднати, и дека биле разменети остри зборови меѓу играчот и директорот Паоло Малдини.
Италијанските медиуми, меѓу кои и „Газета“ објави дека преговорите за продолжување на договорот се прекинати, и дека проблемот не е платата, туку излезната клаузула. Исто така пишуваше дека во текот на состанокот дошло до караница на двете страни.
„Информациите околу пропаднати преговори со Леао се лажни. Тие штетат на имиџот на нашиот клуб и на нашиот играч. Милан продолжува да преговара со Леао на професионален начин“, соопштија од Милан,
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА