Милан со девет играчи успеа да ја победи Болоња

Милан направи вистински подвиг победувајќи ја Болоња на гостински терен со девет играчи. „Росонерите“ имаа двајца фудбалери помалку поради исклучувањата на Палета и на Кучка, но Марио Пашалиќ постигна погодок за триумф во 89.минута.

pasalic milan

Палета беше исклучен поради два жолти картони уште во 37.минута, а во вториот дел Милан остана и без Кучка. Сепак, одличната акција на Делофеу по десната страна во гол ја претвори Пашалиќ и донесе важни бодови за тимот од „Сан Сиро“.

Mario Pašalić Goal – Bologna 0-1 AC Milan 08… by LiveFootball28

Се вчитува...