Милан со два играчи повеќе, се намачи за триумф над Болоња (ВИДЕО)

Потешко од очекувањата, со оглед на случувањата на теренот, Милан дојде до триумф на гостувањето кај Болоња. На крајот триумф од 2:4, иако во финишот се влезе со резултат 2:2, а Милан имаше најпрво еден играч повеќе на теренот, а потоа беа и двајца.

Милан поведе рано со гол на Леао, а потоа црвен картон за Болоња. „Коцките“ се наместија, Калабрија носи 0:2, и се чинеше дека победникот е веќе решен.

Но, Болоња се врати со брзи два гола. Најпрво Ибрахимовиќ си постигна автогол, а три минути подоцна и Бароу донесе израмнување на 2:2.

Болоња доби и второ исклучување во 58. минута, и се чинеше дека ќе нема проблеми за Милан. Но, долго време се мачеше да го скрши отпорот, па дури Болоња и се закануваше. Но, Бенасер во 84. минута постигна убав гол, за Ибрахимовиќ во 90. минута да стави печат на победата.

Се вчитува...