Фудбалерите на Милан славеа на домашен терен против Удинезе со 1-0 во првиот натпревар по репрезентативната пауза како дел од 8. рунда од новата сезона во италијанската Серија А.
Домаќините поведоа со 1-0 уште во 13. минута со голот на Чуквуезе. До крајот на првиот дел, поточно во 29. минута „росонерите“ останаа со фудбалер помалку откако Рејндерс доби директен црвен картон.
Сепак, избраниците на Фонсека и покрај тоа што имаа играч помалку успеаја да се одбранат до крајот и да стигнат до три бода.
Milan [1] – 0 Udinese – Samuel Chukwueze 13'
byu/etclassico insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА