Милан стави крај на серијата од два натпревари без победа во Серија А откако во заостанатиот натпревар од 16. коло славеше на гостувањето против Комо со 1-3 по целосен пресврт.
Домаќините беа оние кои го отворија натпреварот со голот на Кемпф во 10. минута, а истата траеше се до 45. минута пред Нкунку од белата точка да донесе изедначување.
Рабио во 55. минута се погрижи за преврт, а победата ја потврди Французинот со својот втор гол во 88. минута.
Со овој триумф Милан останува на втората позиција на табелата со 43 освоени бодови, три помалку од лидерот Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

