Милан со крајни маки успеа да дојде до гостински триумф над Емполи во рамки на 8-то коло во рамки на Серија А (1-3).
Домаќините покажаа црвст карактер и голема „жилавост“ особено во средниот дел од теренот, по што гостите се мачеа со изнесување на топката и наметнување на својата игра. Отпорот на домаќините беше скршен по еден супер соло продор на извонредниот Леао, кој повторно се запиша во листата на аситенти. Стрелец на голот беше Анте Ребиќ 79. минута.
Недим Бајрами буквално во 90. минута постигна гол од слободен удар, по што настани вистинска ерупција на трибините. Сепак, радоста траеше кратко. Веќе следниот напад Милан го претвори во гол, најпрви преку Фоде Бало Туре, а победата ја запечати Рафаел Леао 90+6′. минута.
Милан по поразот од Напол се враќа на победите, па сега се искачи на 3-то место во италијанската лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА