Милан се наоѓа во незгодна ситуација, „росонерите“ се без победа во последните четири кола од Серија А (две реми и два порази), паднаа од првото на третото место на табелата, а ги очекуваат и жестоки битки за пласман во осминафиналето од Лигата на Шампионите.
Стефано Пиоли се надева дека в сабота против Фиорентина ќе биде ставен крајот на црната серија, но тоа нема да биде нималку лесно ако се знае дека неколку стандардни првотимци ќе отсуствуваат од тимот на Милан за мечот на „Сан Сиро“.
Главниот проблем ќе биде нападот, ако се знае дека Жиру е суспендиран, а Рафаел Леао поради повреда нема да може да настапи против „виолетовите“. На повреда се жали и Пулишиќ, но се очекува американскиот фудбалер да може да се појави на теренот. Веќе подолго време повредени се Бенасер, Калулу и Калдара, а неизвесно е дали Малик Тиау ќе се опорави од грипот поради кој воопшто не тренираше со тимот во последните денови.
Покрај сите овие играчи, неизвесен е и настапот на Рубен Лофтус Чик, кој се мачеше со повреда на мускулот уште пред репрезентативната пауза, а информациите од Милано велат дека тој се уште не е стопроцентно подготвен за камбек на теренит.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

