Милан запиша извонредна победа од 3-1 против Рома во дербито на 20. коло во Серија А.
„Миланезите“ и одржаа лекција на „волчицата“ сосема заслужено доаѓајќи до трите бода.
Милан поведе со голот на Адли уште во 11. минута, а Жиру во 56. минута зголеми на 2-0. Откако Паредес од пенал во 69. минута погоди за Рома, за 2-1, веќе во 84. минута Тео Хернандез ги постави конечните 3-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА