Екипата на Милан се соочува со големи проблеми во составот, откако неколку играчи се повредени. Голманот Мајк Мањан и крилниот играч Салемакерс се повредени и веќе отсуствуваат од тимот, а дополнителни главоболки за Пиоли преставуваат повредите на Калабрија и на Кјaер.
Двајцата фудбалери се повредија на последниот меч со Емполи во Серија „А“ кога италијанскиот првак издвојува тешка победа.
Калабрија ќе мора да паузира три месеци поради повреда на бутот на десната нога. Кјaер ќе биде надвор од терените 15 дена поради повреда на тетивата. Утре Милан гостува на Челси во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА