Милан со реми во Болоња, а со мислите во Неапол (ВИДЕО)

Актуелниот италијански шампион Милан ремизираше 1-1 на гостувањето кај Болоња во натпревар од 30. коло од Серија А. Веќе од поодамна е познато дека „росонерите“ се насочени само кон Лигата на шампионите и дека веќе скоро па да не ги интересира домашното првенство.

Домаќините стигнаа до водство од 1-0 уште во 32 секунда од натпреварот откако Сансоне го постигна еден од најбрзите голови сезонава во Серија А. Конечните 1-1 ги постави Побега во 40. минута.

Милан сега ги очекува реваншот против Наполи во Лигата на шампионите, а по првиот меч одигран на „Сан сиро“ тие имаат предност од 1-0.

 

Се вчитува...