Милан е најактивниот италијански прволигаш на пазарот откако „росонерите“ го договорија и седмото засилување за наредната сезона. Станува збор за Самуел Чуквуезе, крилниот офанзивец на Вилјареал кој доаѓа на „Сан Сиро“ за сума од загарантирани 20 милиони евра, плу осум милиони евра поврзани со неколку клаузули за настапите и бројот на постигнати голови на Чуквуезе во дресот на „роонерите“.
Нигерискиот фудбалер има 24 години и важи за одличен дриблер, ако се знае дека дури 308 пати успешно ги мина директните чувари носејќи го дресот на Вилјареал (повеќе од него имаше само Винисиус од Реал Мадрид, 340 успешни дриблинзи). Тој попладнево пристигна во Милано, каде по лекарските прегледи и официјално ќе го стави потписот на договорот со Милан, по што ќе се приклучи на тренинзите на тимот.
Чуквуезе е седмото засилување на „росонерите“ летово, по заминувањето на директорскиот тандем Малдини – Масара. Милан досега ги комплетираше трансферот на Лофтус Чик, Рејндерс, Спортиело, Ромеро, Пулишиќ и Окафор, а не се исклучува можноста за ангажман на уште еден класичен напаѓач во тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА