Фудбалерите на Милан го одиграа веројатно најдобриот натпревар во поновата историја на тимот откако во 36. коло го декласираа Торино со 0-7. Голеадата ја отвори Тео Хернандез во 19. минута. Во 26. Кеси зголеми на 0-2, резултат со кој се замина на пауза.
Во второто полувреме Дијаз и Хернандез со својот втор гол зголеми на 0-4, по што слдеше хет-трик на Анте Ребиќ за конечни 0-7. Јуве им се врати на победите откако славеше на гости кај Сасуоло со 1-3. Кристијано Роналдо на овој меч го постигна 100 гол за Јувентус што стана првиот фудбалер во историјата што успеал да постигне по сто гола за три тима и за репрезентација.
Интер го доби дерби натпреварот против Рома со 3-1. Домаќините поведоа со головите на Брозовиќ во 11. и Весино во 20. минута, а до полвруме Мкхатријан во 31. минута намали на 2-1. Конечните 3-1 ги постави Лукаку во 90. минута.
Аталанта ја продолжува битката со Јуве, Милан и Наполи за ЛШ откако рутински триумфираше над Беневенто со 2-0.
РЕЗУЛТАТИ СЕРИЈА А 36. КОЛО:
Калјари – Фиорентина 0-0
Аталанта – Беневенто 2-0
Болоња – Џенова 0-2
Интер – Рома 3-1
Лацио – Парма 1-0
Сампдорија – Специја 2-2
Сасуоло – Јувентус 1-3
Торино – Милан 0-7
Cristiano Ronaldo becomes the FIRST player to ever score 100 club goals in 3 different countries ? pic.twitter.com/r2vXbNNaFb
— ESPN FC (@ESPNFC) May 12, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

