Милан со шлаканица за Елмас и другарите среде Неапол

Милан со феноменален меч успеа да слави на гостувањето против Наполи со 0-4, понижувајќи го лидерот на табелата како никој досега оваа натпреварувачка сезона. „Наполитанците“ се надеваа дека со триумф над актуелниот првак ќе покажат зошто тие ќе бидат следни шампиони, но Елмас и соиграчите налетаа на максимално мотивиран и фокусиран противник кој им одржа лекција по фудбал.

Брахим Дијаз маестрано асистираше при првиот гол за Милан, а Рафаел Леао мајсторски ја смести топката во мрежата за 0-1. „Наполитанците“ беа во шок, а Милан го искористи тоа за да поведе со 0-2, овојпат стрелец беше Брахим Дијаз.

Пиоли се соочи со сериозни проблеми откако Дијаз заработи повреда и мораше да биде заменет по само неколку минути игра во второто полувреме. Сепак, гостите продолжија во идентичен ритам, најпрвин преку Леао зголемија на 0-3, додека конечните 0-4 ги постави Салемакерс.

Елиф Елмас влезе во игра во 68. минута на местото на Лоботка, непосредно по четвртиот гол за „росонерите“, но македонскиот ас се вклопи во сивилото на својот тим, кој без оглед на овој пораз останува апсолутен фаворит за титулата. Милан пак со денешната победа скокна на третото место на табелата, со 20 бода заостанување зад Наполи, но и „еден плус“ во однос на Рома и Интер, кои се наоѓаат на делба на четрвтата позиција.

Само за потсетување, овие две екипи ќе се сретнат и во четвртфиналето од Лигата на Шампионите, дуели за кои Елмас и соиграчите сигурно ќе биде дополнително мотивирани по денешното фијаско.

Се вчитува...