Фудбалерите на Милан на неверојатен начин стигнаа до титулата во Суперкупот на Италија, откако вечерва во епското финале кое се играше во Саудиска Арабија на неверојатен начин со 3-2 славеа против најголемиот ривал Интер.
„Нероаѕурите“ успеаја да прокоцкаат и позитива од 0-2 која што ја имаа со головите на Лаутаро Мартинез во судиското надополнување во првото полувреме и на Тареми во 47. минута.
Тео Хернандез во 52. минута намали на 2-1, додека Пулишиќ во 80. израмни на 2-2. И кога сите мислеа дека регуларните деведесет минути ќе заминат со 2-2, Тами Абрахам беше херој за „росонерите“ со неговиот гол за 3-2 во 93. минута.
Inter 2 – [3] Milan – Tammy Abraham 90+3' [Supercoppa Italiana Final]
byu/CivillyWalk757 insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА