Кинезите се подготвени да му ги исполнат желбите на Монтела, па затоа ќе ја издвојат истата сума за кој Фабрегас се пресели во Челси од Барселона, односно 30 милиони фунти. „Росонерите“ одново ќе се обидат да го донесат Цеск Фабрегас на „Сан Сиро“, откако не успеаа во зимскиот преоден рок. Италијанскиот клуб има недостиг од квалитетни фудбалери во средниот ред , а сметаат дека со Фабрегас ќе започне револуцијата во составот.
Монтела сака да го смени скоро целиот тим, но и да ги задржи младите ѕвезди и идните лидери на тимот како Донарума, Ромањоли, Локатели и Де Шилјо. Покрај Фабрегас, Милан го бара и 20-годишниот играч за врска на Сасуоло, Лоренцо Пелегрини, кој сезонава воодушевува во Серија А.
29-годишниот шпански репрезентативец сезонава стартуваше на само 10 натпревари за Челси, Конте го преферира Матиќ во комбинација со Канте, а јасно е дека Фабрегас не сака да седи на клупа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА