Милан со три гола ја освои Болоња (ВИДЕО)

Фудбалерите на Милан ја продолжуваат битката за титулата во Серија А откако ја совладаа Болоња на гостински терен со убедливи 0-3. Победникот беше решен во 48. минута кога „росонерите“ стигнаа до третиот погодок, откако на полувремето имаа предност од 2-0.

Лофтус-Чик во 20. минута успеа да донесе предност, а истата ја зголеми Нкунку од пенал во 39. минута.

Само што стартуваше вториот дел, Рабио успеа да го даде третиот гол и така да стави печат на победата. До крајот на мечот Болоња не успеа ниту да постигне почесен гол, и мораше да се задоволи со убедлив пораз.

Милан сега заостанува пет бодови од првопласираниот Интер.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...