Милан со три гола за пет минути го реши Лече (ВИДЕО)

Фудбалерите на Милан ја запишаа и третата победа сезонава во 6. коло од Серија А триумфирајќи против Лече пред своите навивачи со 3-0.

„Миленезите“ натпреварот го одлучија во само пет минути, од 38. до 43. минута, кога беа постигнати сите три гола.

Најпрво во 38. минута погоди Мората, потоа во 41. минута стрелаше Хернандез а во 43. минута заокружи и Пулишиќ.


Се вчитува...