Милан тргна со сите сили по Дарвин Нуњез

Раководството на Милан е решено да доведе уште еден класичен напаѓач до крајот на летниот преоден рок, а фокусот во последните неколку дена е целосно ставен на Дарвин Нуњез од Ливерпул. Англискиот првак е решен да го продаде Уругваецот за да отвори место во тимот за Александер Исак, Дарвин пред еден месец беше поврзуван и со Наполи, а сега Милан ќе си ја проба среќата и ќе се обиде да го доведе Нуњез на „Сан Сиро“.

„Росонерите“ беа поврзувани со Влаховиќ од Јувентус и со Хојлунд од Манчестер јунајтед, но директорот Таре смета дека токму Дарвин Нуњез е она што му недостига на овој тим за повторно да биде дел од врвот на италијанскиот фудбал.

Останува да се види финансиската моќ на Милан ако се знае дека Ливерпул инсистира на отштета од над 60 милиони евра за својот напаѓач. На „црвените“ им оди во прилог што и Ал Хилал е загреан за Нуњез, преговорите со тимот од Саудиска Арабија се во напредна фаза, па пред раководството на Милан е сериозен предизвик, да најде заеднички јазик со Ливерпул, но и да го убеди Нуњез да дојде во Милано за многу помалку пари отколку што би заработувал во Саудиска Арабија.

Се вчитува...