Италијанскиот калчолигаш Милан го доведе и Хакан Чалханоглу во своите редови, но допрва размислува за капитално засилување во средниот ред. Медиумите на Апенините најавуваат дека „росонерите“ ќе тргнат по Хамес Родригез, колумбискиот интернационалец кој е на излезна врата од Реал Мадрид. Тој сака да си замине од „Сантијаго Бернабеу“ поради малата минутажа што ја добива од тренерот Зинедин Зидан, а Милан сака тоа да го искористи и да го доведе на „Сан Сиро“.
За Хамес Родригез има интерес и од Манчестер јунајтед, Пари Сен Жермен и Баерн Минхен, но досега ниту еден клуб не испрати понуда вредна 70 милиони евра, колку што бараат „кралевите“ за продажба на одличниот играч за врска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА