Масимилијано Алегри утре ќе ја има првата прозивка по враќањето на клупата на Милан, а искусниот стратег ја објави листата на фудбалери кои ќе треба да се појават на првиот тренинг, на кои подоцна ќе смета и во текот на сезоната 2025/26.
Она што веднаш падна во очи, на неа го нема Тео Хернандез, како уште еден јасен предзнак дека левиот бек е подготвен да си замине во текот на летниот преоден рок. Хернандез има само уште една година од актуелниот договор и нема намера да потпише нов, што беше причина „росонерите“ да инсистираат на негова продажба. Ал Хилал е многу блиску до комплетирање на трансферот на францускиот репрезентатиевец, кој во текот на следната седмица и дефинитивно ќе си замине од „Сан Сиро“, поради што воопшто ќе нема обврска да се појави на првиот собир под водство на новиот тренер.
Покрај него, Алегри нема да смета ниту на Бенасер, кој е прекуброен во средниот ред во ситуација кога веќе е доведен Ричи од Торино, а во следните денови се очекува да потпишат и Јашари од Бриж како и хрватската фудбалска легенда Лука Модриќ. Бенасер го мина вториот дел од ланската сезона во Олимпик Марсеј, ниту таму не импресионираше со настапите, па останува да се види каде ќе настапува овој искусен фудбалер наредната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

