Милан убедливо со Ливерпул на тестот во Хонг Конг (ВИДЕО)

Италијански Милан пред полн стадион и повеќе од 50.000 гледачи во Хонг Конг, триумфираше убедливо со 4-2 на пријателскиот натпревар против англискиот шампион Ливерпул.

Леао погоди уште во десеттата минута, а Собозлаи израмни за Ливерпул на 1-1 во 26. минута.

Лофтук Чик и Окафор го донесоа Милан до водство од 3-1, Коди Гапко намали, а Окафор ги постави конечните 4-2 во финишот на мечот.

Се вчитува...