Милан утна со тренерот: Фонсека имаше подобри резултати од Консеисао

Милан пред неколку месеци реши да му врачи отказ на Пауло Фонсека, изборот за нов тренер падна врз Серџо Консеисао. Стартот беше фантастичен, „росонерите“ со две пресврт-победи стигнаа до трофејот во Супер-купот на Италија, но како што одминува времето така се поочигледно станува дека екс-тренерот на Порто не е најдобра опција за предводник на овој европски гигант.

Впрочем, најдобра потврда за тоа се резултатите, кои велат дека Милан под водство на Консеисао игра послабо отколку додека Фонсека беше тренер, и тоа во периодот кога овој стручњак доби отказ.

Конкретно, Фонсека на последните 15 средби пред отказот имаше девет победи, четири реми и два пораза, просек од 2,06 освоени бодови по натпревар. Наспроти него, Консеисао веќе загуби четири средби (од Јувентус, Динамо Загреб, Феенорд и Торино), со осум победи и три реми.

Консеисао има просек од 1,8 бода по натпревар, но што е уште позначајно, под негово водство „росонерите“ беа елиминирани во 1/16 финалето од Лигата на Шампионите, што ќе донесе и значителна загуба во однос на предвидениот профит од учеството во елитното европско натпреварување оваа сезона.

Милан по поразот во Торино падна на седмото место на табелата, со осум бода заостнаување зад четвртопласираниот Јувентус во трката за место кое води во ЛШ следната сезона.

Од сегашна перспектива, Ибрахимовиќ и останатите директори на Милан дефинитивно утнаа во изборот на нов тренер.

Се вчитува...