Милан веќе почна да се подготвува за ера без Франк Кеси. Играчот од средниот ред на Брегот на Слоновата Коска е пред трансфер во Барселона, а „росонерите“ веќе бараат замена. Според најновите информации Милан ќе тргне по играчот на Хофенхајм, Флоријан Грилич.
Грилич е австриски репрезентативец и идното лето ќе биде слободен играч со оглед дека му истекува договорот, и веројатно ќе се пресели во Милано.
Инаку Грилич минатото лето беше блиску до трансфер во Рома, но истиот пропадна, па така сега ќе има втора можност да заигра во Италија.
Денеска Хофенхајм објави дека Грилич е во изолација, поради позитивен тест на коронавирус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА