Милан остана без својот прв голман Мајк Маињан, кој ќе мора да оди на операција. Тој ќе паузира 2-3 недели, до еден месец, но „росонерите“ се во „паника“, па така ќе мора да ангажираат уште еден чувар на мрежата.
Изборот падна на 38-годишниот Антонио Миранте, кој што доаѓа на „Сан Сиро“ како слободен агент. Тој ќе треба да биде резерва на Чипријан Татарушану кој ќе ја добие довербата да го чува голот на Милан по повредата на првиот голман.
Миранте во минатото беше дел од Рома, Болоња, Сампдорија, а во 2004 и од Јувентус. Тој е легенда на Парма, тим за кој има одиграно над 300 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА