Милан за ЛШ не ги пријави Ибрахимовиќ, Адли, Бакајако…

Милан се реши да не вклучи шестмина играчи во пријавените за групната фаза во Лигата на шампионите. Тренерот Пиоли кажа дека ростерот на екипата е голем, и дека е принуден да донесе одлуки, кои на некои фудбалери нема да им се допадне.

За ЛШ се дозволени само 17 играчи, а Пиоли се реши да ги избрише искусниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ, потоа голманот Чипријан Татарушану, како и Астер Вранкс, Малик Тиав, Јасин Адли како и играчот од средниот ред Темуе Бакајоко. Бакајоко најверојатно ќе го напушти тимот. Ибрахимовиќ, пак, не е во составот поради повредата, и не е познато кога ќе се врати на терените.

И покрај повредата минатото коло, Алесандро Флоренци е во тимот за ЛШ. Тука е и најновото и последно засилување Сержињо Дест.

Милан ги пријави следните играчи: Мањан, Миранте, Дест, Калулу, Томори, Кјер, Бало-Туре, Тео Ернандез, Флоренци, Калабрија, Габија, Бенасер, Круниќ, Тонали, Побега, Салемакерс, Месиа, Брахим Диаз, Де Кетеларе, Рафел Леао, Жиру, Ориги и Ребиќ.

Се вчитува...